Трпе оди на светско првенство во фудбал.
Седиштето му е најгоре на стадионот, ама задоволен е што воопшто нашол карта. Седнува тој и почнува да разгледува наоколу со двоглед, и забележува човек на 5 реда од стадионот со празно место до него. Ова го полудело Трпе, па тој на полувреме оди и го прашува човекот зошто има празно место на толку добра локација.
- Со жена ми ги купивме картите многу одамна, ама за несреќа таа почина и местово е празно – одговара човекот.
- А зошто тогаш картата не ја дадовте на некој пријател или роднина.
- Сите се на погребот.

Се вратил Трпе еден ден од работа дома и ја нашол Трпана како седи на прагот со спакувани куфери.
Ја прашал каде ќе оди, а таа му рекла: – Одам во Лас Вегас. Денеска разбрав дека таму можам да заработам 400 долари од ноќ за она што тебе ти го давам за џабе. Размислил Трпе малку, па отишол во куќата и тој се спакувал па се вратил кај Трпана. Таа го прашала: – А каде пак ти планираш да одиш? – Доаѓам со тебе. Баш би сакал да видам како планираш да живееш со 800 долари годишно.