Невработен чита оглас за работа:
„Се бара помошник во гинеколошка ординација!“
Веднаш го врти бројот:
– Здраво, се јавувам за огласот. Може ли да ми дадете детали околу работата?
– Се разбира. Работата ќе ви биде да ги подготвувате жените за гинеколошки преглед. Тоа значи дека ќе им помагате се соблечат, да легнат, ќе ја измиете со топла вода областа на истражување и на крај ќе им го масирате половиот орган со лубрикант, за да се опушти и да се избегнат повреди при прегледот.
– Хмм… да, заинтересиран сум за местото. Кога да дојдам?
– Може и утре, но ќе мора да одите во Велес.
– Велес??? Нели огласот е за во Скопје!?
– Да, за во Скопје е, но редот е до Велес!
Трпана отишла на службено патување му пишува порака на Трпе:
„Душо, накратко. Треба да сте во градинка во 8:10-8:15, значи разбуди ја Мила во 7:30-7:35. Облечи и хулахопки, темно-сините, маица од втората фиока, најдолу, виолетова или розева блуза (фиока – втора, најдолу). Се е во плакарот.
Земи го розовиот фустан – закачен е во плакарот во одделот за кошули на малата закачалка, бели чорапчиња, сандалки. Во градинката пресоблечи ја. Пробај да и направиш две репчиња. Шнолките се во најгорната фиока на плакарот, во бела лименка под кутиите од чевлите со слики. Потоа види какво е времето. Или облечи? розово палто, виолетова капа и розов шал, или зеленото, плишените, иста боја капа, без марама, на нозете – новите чевли.
Провери и приготви си го сето тоа уште вечерва. Ако нешто не најдеш, ѕвони и прашувај, не спијам уште.“
Трпе одговара:
- „Решивме да не одиме во градинка“.