Skip to main content
Нашол еден нашенец стара ламба, и како што е редот ја протрил. Од неа се појавил дух и му рекол:
– Имаш право на три желби!
– А бе, нема што да мислам, стави да пиеме по една ракија.
– Ама… Сигурен ли си!
– Стави, стави!
Што да прави духот – Става по една… Ја пијат…
– Сега ти останаа само две желби – мисли мудро!
– Нема што да мислам – давај уште по една!
– Ама, јас сум семоќен, можам да ти ја исполнам апсолутно секоја желба!
– Стави бе, да пивнеме уште по една.
Што да прави духот, должен е да се покорува. Става уште по една. Ја пијат…
– Ти остана последната желба, размисли внимателно што ќе посакаш!
– Стави да пиеме уште по една!
– Ама не може така, нема да ти останат желби! – Навреден вели духот.
– Ставај!
Ја става духот и третата тура, пијат заедно по една ракија… И потоа се прибира назад во ламбата. По неколку минути духот ја подава главата од ламбата и малку неразбирливо прашува:
– Абе ти четврта желба немаш ли?
Трпе и Трпана слават 30 годишнина од бракот, а биле познати не само у Кавадарци, туку и у цела Македонија и у регионот, каа пар, шо у 30 години брак ниеднаш се немале скарано….
И на годишнин’та, од цела Македонија, море и пошироко, дошле новинарски и ТВ екипи, да дознаат у шо е тајната на толку успешниот брак…
Еден новинар го прашуе Трпе;
- Господине Трпе, тоа е невероватно како успеате, у шо е тајната….
Трпе а зима чаш’та со ракија, а маа на екс, се навалуе напред, и а почнуе прикаската;
- Каа се земе со Трпана, отидоме у Шпанија на меден месец и у аранжманот имаше една ден јаање на коњи..
Ги јаанаме тоа коњите, мене ми се погоди еден мирен и кроток коњ, а на ваа мојта ептен не мирен..
И каа шо јааме, виа нејзиниот изгледа се исплаши од нешто, и а исфрли од седлото, Трпана стана, а истреси прашин’та, го погали нежно коњот, и со благ глас му речи;
- Воа ти е прв пат…
Го јаана она и продолжиме, после некое време, виа па трзна и па а исфрли Трпана од седлото, стана она, го погали по грбот, и па му речи;
- Воа ти е втор пат….
Е по трет пат каа а исфрли од седлото, Трпана се исправи, го извади пиштолот, и му го истреска на коњот меѓу очи…
А ја изненаден и се издра;
- Пичka ти материна селска, салам ли си, знајш ли колку кошта еден ваков коњ….
Она се заврти, ме погледна нежно, и со најмил глас ми се обрати;
- Трпе, воа ти е прв пат……
И тоа е тоа, од тоги се неаме скарано и у се се слагаме….
- Ало! Пожарна?
- Да, госпоѓо, повелете.
- Јас скоро посадив цвеќе...
- Госпоѓо, баравте пожарна?!
- Да, барав. Tоа е мнoгу скапо, егзотично цвеќе...
- Госпоѓо, баравте и добивте противпожарна служба, a не цвеќара! Кажете како можеме да ви помогнеме или спуштете ја слушалката и ослободете ја линијата!!!
- Добро де, што ме напаѓате веднаш! На комшијата му гори куќата, па кога ќе го гасите пожарот, пазете на цвеќето.