• Home
  • категории вицови
  • Popular
  • Facebook Вицови
  • Слики
  • Најпопуларни
  • Најнови
  • 8-ми Март
  • Аптека
  • Брак
  • Вицови за адвокати
  • Вицови за Трпе и Трпана
  • Доктор
  • Живот
  • Он и Она
  • Работа
  • Секс
  • Спорт
  • Вицеви за Плавуши
  • Вицеви за полицајци
  • Вицови за гејови
  • Вицови за семејството
  • Глупи Вицови
  • Деца
  • Еротски
  • Жени
  • Животни
  • Златна риба
  • Изреки
  • Информатички
  • Летен одмор
  • Личности
  • Лудница
  • Мажи..
  • Навреди
  • Образованиe
  • Пензионери
  • Пијани луѓе
  • Политички
  • Прашање - одговор
  • Религија, Верски вицови
  • Си биле...
  • Сличности/разлики
  • Црн хумор
  • Чак Норис
  • Безобразни вицеви
  • Вицеви за Евреи
  • Вицеви за училиштето
  • Вицови за тъшта
  • Вицови за фудбал
Български Вицове Jokes Jokes Chistes variados Анекдоты Blagues Barzellette ανέκδοτα Македонски Komik Şakalar жарти piadas Dowcipy Skämt Moppen, Grappen Vitser Vitser Vitsit Viccek bancuri vtipy Anekdotai Anekdotes Vicevi
My Jokes Edit Profile Logout
  1. Најнови
  2. Разно

Разно

Додади виц Најнови Најпопуларни
Го прашуваат еден милионер како се збогатил:
- Прво најдов една рѓосана игла. Ја исчистив и ја трампав за две рѓосани. Ги исчистив нив, па ги трампав за четири рѓосани…. и така неколку години додека не умре баба ми и ми остави неколку милиони.
0
0
4
Штрумфета останала бремена. Веле-штрумф ги собрал сите Штрумфови и ги прашал:
-Кој и го штрумфна на Штрумфета безштрумфно гумче?
Штрумфот што мрази рекол:
-Мразам штрумфни гумчиња.
0
0
4
Умрел човек и некој од фамилија оди во продавница да купи сандак. Влегува и го прашува продавачот:
- Колку е овој сандак?
- 1500 марки.
- А овој?
- 1000 марки.
- Добро бе, немате ли нешто поефтино.
- Еве, овој овде е само 500 марки.
- Многу бе човек, дај нешто поефтино.
Продавачот веќе видно изнервиран:
- А здрвен ли е мртовецот?
- Да, целиот е здрвен.
- Е, па донеси го овде, за 50 марки ќе му зашрафиме рачки.
0
0
4

Двајца млади ловџии го запознаваат најстариот ловџија во друштвото и од почит го прашуваат која му е најстрашната ловџиска приказна.
Почнува стариот:
- Еее, 44 година отидовме во Африка да ловиме лавови. Немавме среќа два дена, арно ама третиот ден си стојам јас потпрен на едно дрво со цигара во уста, кога пред мене излегува најголемиот лав што сум го видел и прави РУАУУУУУ!!. И… јас се посрав во гаќи.
Еден од младиве веднаш реагира:
- Па видете, и јас да бев на ваше место, ќе се посерев во гаќи.
- Не тогаш бе. Сега се посрав, кога реков РУАУУУ!
0
0
4
Си доаѓа дома пензионер и гледа како некоја згодна девојка му го пребарува станот.
-Леле,дедо те молам не викај полиција,еве прави ми што сакаш,само немој да викаш полиција. Дедово среќен ја легнува,и пробува еднаш,два пати,три пати и на крајот вика:
-Море дај јас да си викнам полиција!
0
0
4
Добиле Црногорците хуманитарна помош.И како обично бива,меѓу другото имало и непотребни работи како лажичиња за сладолед.Се чуделе што е тоа,кога на едниот му светнува.
-А бре,да не е ова расад за лопати!
0
0
4
- Мамо, мамо ме силуваше Црногорец!
– Е од кај знаеш дека беше Црногорец?
- Се морав да правам сама.
0
0
4
Отишле три пара во ресторан. Секој од мажите сакал да и поласка на својата партнерка нарекувајќи ја со името на нешто што било на масата.
- Подај ми малку шеќер, шеќерче мое – рекол Французинот.
- Те молам подај ми малку мед, медена моја – рекол Англичанецот.
- Подај ми го парчето сланина… свињо! – викнал Македонецот.
0
0
4
- На око тенка, на допир "полна рака".
- Да има работа, ама да е на боледување.
- Треба да е висока, но да е пониска од мажот.
- Мора да биде попаметна од мажот, но не смее да го покажува тоа.
- Треба да знае и без шеќер да свари слатко кафе.
- Да работи повеќе од мажот, но помалку да заработува.
0
0
4
Убава млада жена лежи на болнички кревет и чека да ја оперираат.
Доаѓа човек во бел мантил, го крева чаршавот, ја одмерува голата жена горе доле и се тргнува на страна да се консултира со уште двајца во бели мантили. Доаѓа вториот и тој ја прегледува жената. На крајот доаѓа третиот и откако ја прегледува, жената веќе нетрпелива го прашува:
- Абе докторе, добро е што ме прегледувате, ама кога ќе почнете со операција?
- Не знам јас тоа, ние сме молери.
0
0
4
Група резервисти – падобранци, тргнале на задача со нов тип падобрани. Откако скокпале од авионот, на височина од 10 000 метри паѓаат низ воздух и избезумено бараат начин да ги отворат падобраните.
На 8 000 метри гледаат двајца војници – резервисти како летаат нагоре. Кога се размипувале падобранците им довикнале:
"Да не знаете како се отвараат овие падобрани?"
"Не знаеме, ние сме минери."
0
0
4
-Мојата жена постојано се жали дека нема што да облече.
-И мојата иам два полни ормани со ништо за облекување.
-Мојата жена има полн орман со здолништа, фустани, пантолони, а постојано се жали дека нема што да облече.
-Орманот на мојата жена е уште пополн со гардероба. Молците кои живеат во него никако да научат да летаат
0
0
4

На изложба на слики една девојка му вели на познатиот уметник:
– Јас би сакала нешто во масло, но ефтино.
– Па повелете во онаа продавница отспротива, таму имате сардини.
0
0
4
Службеник му се жали на шефот:
– Веќе 20 години работам во службава, зарем не можам да добијам мало зголемување на платата?
– Како, па веќе една година добивате во коверт 20% повеќе!
– Чудно, жена ми не ми кажала ништо за тоа!
0
0
4
- Кога ќе се мажите, мила госпоѓице? Веќе одамна сте свршени...
– Знам, но кога мојот пријател е пијан јас не го поднесувам, а кога е трезен тогаш тој мене не ме поднесува.
0
0
4
На конференција:
– Човек кој попушта кога не е во право – тоа е мудрец.
– Човек кој попушта кога е во право, тоа е…
– Оженет човек! – дофрла некој од слушателите.
0
0
4
Мала историја на медицината:
- Ме боли увото. 2000 п.н.е. – Еве, изеди го коренов.1000 н.е.
-Тоа со коренот е ерес, кажи ја оваа молитва.1850 н.е. – Молитвата е суеверие, испи ја оваа напивка.1940 н.е. – Таа напивка е обично масло, испи ја пилулава.1985 н.е. – Таа пилула е неефикасна, земи антибиотик.2000 н.е. – Антибиотикот е вештачки. Еве, изеди го коренов.
0
0
4
Во болница влегува панкерка и се жали на болки во стомакот.
Младава жена имала розова коса, еден куп тетоважи и обетки и чудна облека. Откако докторот утврдил дека има воспаление на слепо црево, ја поставиле на операциона маса и и дале анестезија. Откако и ја соблекле облеката, лекарите забележале дека срамните влакна и се офарбани зелено и над нив има тетоважа која вели: “Подалеку од тревата”. После успешната операцијата, докторот оставил белешка за пациентката:
– “Извинете, моравме да ја искосиме тревата”.
0
0
4
  • Предходна
  • Следна

Privacy and Policy Contact Us