Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
- Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко:
- Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
- Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
- Вака... се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека. По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.
Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив. Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви...
Зима длабока воздишка мажот и продолжува:
- Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш, додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
- Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено?
Постар cпepmatoзoид му објаснува на млад cпepmatoзoид што треба да прави откако ќе биде испукан по ејакулацијата, па вели:
- Штом ќе бидеш ејакулиран, немој да се вртиш ни лево ни десно, пливај, пливај најбрзо што можеш се додека не здогледаш една мала црна точка. Е таа точка што ќе ја видиш е јајце клетката. Тогаш ќе се залеташ уште посилно, ќе мавнеш форца и право во неа. Гледај да ја дупнеш, вгнезди се внатре, залепи се за неа и уживај.
Запаметил младиот cпepmatoзoид се' што му рекол стариов... Дошол и денот Д...
При редовни сексуални активности, почнал младиот cпepmatoзoид да чувствува голема напнатост и притисок и конечно буууууум, излетал од господинот пeниc.
Според советот пливал, пливал најбрзо што можел и кога стварно ете ти ја малата црна точка... Тоа е, си рекол и јуриш право во неа, сакал од прва да влезе... Ама трааас, тврдо. Се залетал уште еднаш, па уште еднаш, ама ништо, тврдо брат. Си рекол, сигурно се тоа застарени методи, па решил културно за затропа за да му отворат:
- Чуч,чук... Здраво живо, дали сте вие ЈАЈЦЕ КЛЕТКА ???
А од внатре одговор: Мрш бе копиљ јас сум КАРИЕС НА ПЕТКА !!!!!!
Трпе ја среќавал комшивката која била многу убава, но била мажена.
Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:
- Леле какво парче си, штом те видам, полудувам.
Еден ден таа застанала и рекла:
- Постојано зборуваш а ништо не превземаш. Донеси ми 1000 евра и работата е завршена.
- Сериозно?!
Трпе не можел да им поверува на своите уши. Наредниот ден отишол кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа.
Вечерта кога мажот се вратил од работа прашал:
- Жено, да не помина Трпе денес кај нас?
Жената помислила дека некој ја издал.
- Да, дојде... Зошто?
- Колку пари ти даде?
- 1000 евра.
- Значи многу е поштен Трпе. Вчера дојде кај мене на работа и ми вели: „Комши, дај ми 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам.“