К’д се враќале војници од Ирак, Американци решиле да ги обештетив сви кои задобиле телесне повреде, колко потешка повреда, толко повише паре. Такој, дошја на ред и Цветко кој работаја за Американци.
– Мујо, што повреду имаш?
– Повреду на пeниc…не ми работи како треба…
– Хахахаха…добро, у право си, Цветко, тој е реалан хендикеп. Пошто си ни бија најдобар војник, еве кажи колко сакаш за обештетување?
– По ед’н долар за свак сантим од вр на стојка па до муда!!!
К’д га погледале Цветко, свикале Американци:
– Цветко, па куде су ти муда бе?
– У ИРАК!!!
- Другари, нема да ми верувате, вчера ме киднапираа вонземјани!
– Невозможно, како тоа?!
– Да да, навистина ви велам, на се се сеќавам. Чудни звуци, мала просторија, слаба светлина, копчиња што светат, движење нагоре…
– Абе какви вонземјани, вчера беше пијан како магаре па те качивме дома со лифтот.
На Трпе му се здосадил мачорот што Трпана го чувала како домашен миленик, па решил да се оттараси од него.
Го однел со автомобилот некаде далеку, и кога се вратил, пред врата го дочекал истиот мачор. Следниот ден го одвел уште подалеку, но пак на враќање, пак на врата го пречекал мачорот. На крајот решил самиот да најде многу далечно место каде ќе го остави мачорот. Возел по патот, свртел десно, па лево, па преку некој мост, па низ автопатот па… и нашол едно далечно место, го оставил мачорот и избегал. Пoдоцна не се вратил дома туку и се јавил на Трпана и ја прашал:
– Жено, мачорот таму е?
– Да, еве го под масава.
– Епа дај ми го на телефон… се загубив, сега не знам да го најдам патот за дома…