На Трпе му се здосадил мачорот што Трпана го чувала како домашен миленик, па решил да се оттараси од него.
Го однел со автомобилот некаде далеку, и кога се вратил, пред врата го дочекал истиот мачор. Следниот ден го одвел уште подалеку, но пак на враќање, пак на врата го пречекал мачорот. На крајот решил самиот да најде многу далечно место каде ќе го остави мачорот. Возел по патот, свртел десно, па лево, па преку некој мост, па низ автопатот па… и нашол едно далечно место, го оставил мачорот и избегал. Пoдоцна не се вратил дома туку и се јавил на Трпана и ја прашал:
– Жено, мачорот таму е?
– Да, еве го под масава.
– Епа дај ми го на телефон… се загубив, сега не знам да го најдам патот за дома…
Само што почнал да зборува малиот Трпе, Трпана му го изнела да го прошета низ золошка. Го прашува таа него:
– Сине, кое е ова животно.
– Зајче.
– Не е зајче сине, жирафа е.
Одат тие понатаму, Трпана пак:
– Сине, а кое е ова животно?
– Зајче.
– Не бе сине, лав е, кралот на животните.
Се доближуваат тие до базенот со делфини, Трпана пак прашува:
– А, сине, што е ова?
– Водно зајче!