Калуѓерка се прибирала летно време во манастирот. Патот бил долг, жегата.
- Сероизна. Огромен џип ја поминал и застанал на 30-тина метри, за да ја качи. Внатре.
- Одлична мачка. Калуѓерката се освестила од жештината под влијание на климатикот и почнала да ја разгледува внатрешноста на возилото. По едно време прашала:
- Абе, чедо, се надевам дека нема да те навредам, ама сакам да те прашам: како толку млада си дозволи таква кола, таа е поголема од мојата соба во манастирот??
- Па, имам еден пријател на кого му помагам да ја поднесува порелаксирано осаменоста два-три пати во месецот. Тој има авто-салони низ целата земја и на крајот ми го подари овој автомобил...
Калуѓерката само малку промрморила... додека мачката менувајќи ги брзините постојано тропала со огромните златни накити по рацете.
Калуѓерката пак се јавила:
- Абе, јас пак да прашам: како собра толку злато, а толку си млада??
- Па, имам еден пријател кој има златари во многу градови. Секој пат кога ќе се видиме со него ми подарува по нешто и така...
Пак никаков коментар. Стигнале до манастирот. Калуѓерката тргнала да слегува, а мачката решила да се освежи и се намирисала со парфем. Калуѓерката за последен пат прашала:
- Абе, чедо, јас таков парфем не сум видела, од каде го имаш?
- Па, имам пријател, сопственик на парфимерија, на кого исто му правам друштво одвреме-навреме и тој исто така ми подарува...
- Да си жива и здрава, чедо, сполај ти...
Отишла калуѓерката во манастирот, седнала на еден стол и почнала да размислува. По кратко време се чуло тропање на вратата:
- Кој е?
- Како кој, мoри, Стојче клисарот, отварај побрзо!!
- Стојче, ДА МИ СЕ МАВНЕШ од ГЛАВАТА со твоите наполитанки!!!
Четири католички свештеници и една калуѓерка пијат кафе во кафуле на плоштадот „Св. Петар“ во Рим. Првиот свештеник се фали:
- Син ми е свештеник. Кога и да влезе некаде сите го викаат „Оче“
Вториот свештеник му одговара:
- Син ми е бискуп и он кај и да влезе сите го нарекуваат „Ваша Милост“
Третиот свештеник на тоа додава:
- Син ми е кардинал, и кога он ќе се појави некаде сите му се обраќаат со „Ваша Еминенцијо“
Четвртиот само ги слушал па гордо им одговорил:
- Син ми е Папа, кога он ќе влезе некаде, сите се клањаат и му се обраќаат со „Ваша Светост“
Калуѓерката цело време молчела и си пиела кафе, па сите се свртеле накај неа и ја прашале:
- А, вие?
На ова таа гордо одговорила:
- Јас имам ќерка, згодна, висока 175cm, обем на гради 96cm, обем на струк 60cm, обем на колкови 90cm
... Е, кога она ќе влезе некаде, сите и се обраќаат со „О, БОЖЕ МОЈ!“