Трпе оди кај поп Стефан да бара помош:
- Попе ќе ја оставам Трпана, ме вара!
- Остави ја, му вика попот.
- Ама како да ја оставам кога толку години сме заедно?
- Па не ја оставај тогаш, му враќа попот!
- Како да не ја оставам кога жива ја фатив како ме вара.
- Па, остави ја!
- Ама како да ја оставам, заедно куќа сме граделе.
- Па, не ја оставај.
- Море ќе ја оставам, со кумот Цветко ме вара.
- Па остави ја.
- Како бе да ја оставам, пари заедно печалевме.
- Па, не ја оставај.
- Ќе ја оставам, и со други ме вара.
- Па остави ја.
- Ама како да ја оставам кога деца заедно изродивме.
- Имам лек за овој проблем. Да ја смениш верата, вели попот.
- И што со тоа бе попе?!?
- Па така нема да ми досаѓаш мене туку на оџата Насер.
Трпана наравила лифтинг на лицето и влегла во еден бутик и го прашува продавачот:
- Извините што ве замарам, но што мислете колку години имам?
- Околу 35, и одговорил продавачот.
- Фала ти за комплиментот, имам 47 години.
Потоа влегла во McDonalds и откако нарачала јадење го прашува човекот на касата:
- Извините што ве замарам, но што мислете колку години имам?
- 29.
- Фала ти за комплементот, имам 47 години.
Трпана среќна од резултатот заминала на станица да чека автобус, додека чекала го прашала некој старец истото прашање.
Старецот на тоа и одговорил:
- Јас имам 85 години, и слабо гледам. Но можам точно да ви кажам колку години имате само доколку ми дозволете да ја ставам раката во вашите гаќи.
Бидејќи немало никој, Трпана му дозволила да ја стави раката во нејзините гаќи.
Старецот ја става раката, чепка едно 5 минути, ја вади раката и и одговора:
- Имате 47 години.
- Неверојатно, како погодивте?!?
- Бев позади вас во McDonalds, и одговорил старецот.