Еј, старецу – викнал ѓаволот.
- Кој си ти? прашал старецот.
- Јас сум ѓаволот...
- Добро за тебе, штом си ѓавол.
- Се плашиш од мене?
- Не, зошто би се плашел…
- Дали знаеш дека јас можам да те скренам од умот и да предизвикам страшна психичка агонија за целиот живот?
- Сигурен сум дека можеш... мирно одговара старецот.
- И сеедно ти е, не си уплашен?
- Не, ни најмалку.
- Зoшто не? Сите се плашат од мене?...
- Јас не. Ако си ти Ѓаволот тогаш јас бев во брак со твојата сестра 37 години…
Една девојка стоела на работ на бродот за крстарење. Колку убава девојка со шешир – си помислил еден од гостите. Таа го држела шеширот со двете раце бидејќи почнало да дува ветер.
Господинот не можел да и одолее па и се доближил, за да се најде во муабет и рекол:
- Извинете госпоѓице, не сакам да ви сметам, но дали приметивте дека вашето здолниште се крена многу високо од ветерот?
- Да, приметив господине, јас морам да го држам шеширот со две раце може да ми летне.
- Но, вистинските госпоѓици треба да знаат оти нивните интимни делови не треба да бидат изложени во јавност!
Таа фрли поглед надоле, па потоа нагоре и му вели:
- Господине, ова што вие го гледате доле е старо 25 години.
- А шеширот го купив вчера.