Нашол еден нашенец стара ламба, и како што е редот ја протрил. Од неа се појавил дух и му рекол:
– Имаш право на три желби!
– А бе, нема што да мислам, стави да пиеме по една ракија.
– Ама… Сигурен ли си!
– Стави, стави!
Што да прави духот – Става по една… Ја пијат…
– Сега ти останаа само две желби – мисли мудро!
– Нема што да мислам – давај уште по една!
– Ама, јас сум семоќен, можам да ти ја исполнам апсолутно секоја желба!
– Стави бе, да пивнеме уште по една.
Што да прави духот, должен е да се покорува. Става уште по една. Ја пијат…
– Ти остана последната желба, размисли внимателно што ќе посакаш!
– Стави да пиеме уште по една!
– Ама не може така, нема да ти останат желби! – Навреден вели духот.
– Ставај!
Ја става духот и третата тура, пијат заедно по една ракија… И потоа се прибира назад во ламбата. По неколку минути духот ја подава главата од ламбата и малку неразбирливо прашува:
– Абе ти четврта желба немаш ли?

Како прди народот:
Културен - Прди и вика „Пардон!“Дволичен - Прди и прашува „Кој прдна?“Циничен - Прди и те гледа право во очиКавалер - Пушта дамата прва да прднеПесимист - Уште не прднал мисли дека се усралБезобразен - Прди од задоволствоСноб - Прди само во добро друштвоЧувствителен - Прди и вика „Ах! “Сентиментален - Прди и мисли како би било да не прднешеНестрплив - Едвај чека да прднеДобро воспитан - Бара дозвола пред да прднеДискретен - Прди и вика „Нека остане меѓу нас! “Реалист - Го смета прдењето за природна работаЕгоист - Прди само за себеГлумец - Прди и чека аплаузСрамежлив - Прди и поцрвенуваТаинствен - Он не прди туку пуваЛажливец - Прди и вика „Со уста прднав“Флегматичен - Прди долгоКолегијален - Дозволува и другите да прднатШтедлив - Прди само во затворена собаШегобиец - Прди и вика „Кој прди зло не мисли“Неспособен - Потпрднува цел ден и никако да прднеОптимист - Прди и се надева дека никој нема да чуеПензионер - Прди и вика дека во негово време подобро се прделоБаксуз - Прди и се усерува во гаќиФалбаџија - Прди јако за сите да чујатНаивен - Прди и мисли дека направил добро делоГурман - Прди и вика „Баш убаво мириса“Спортиста - Ако некој прдне еднаш, он ќе прдне двапати за да го собори рекордот