Влегло дете во продавница и и вика на продавачката:
- Тето, дај ми тафе.
- Што сакаш?
- Тафе бе тето, тафеаво.
- Што е тоа тафе, не те разбирам.
- Како ма тето не ме разбираш, тафе, тафеаво, за пиење.
- Абе ти реков не знам што е тоа, ај гитла дома!
- Е тулето да ми го јадеш!
- Што рече, курето да ти го јадам, мангуп ниеден?
- Аа туле знаеш што е, тафе не знаеш???
Си биле претседателите на Македонија, Франција, Англија, Грција, Персија и Бугаријa…
- Персијанецот станува и вика:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на перските килими, најубави килими имаме ние!!!
- Французинот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Ајфеловата кула, најубава кула и највисока на свет!!!
- Англичанецот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Елизабета II, најубава кралица сме имале ние!!!
- Бугаринот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на бугарската музика, многу убава музика имаме!!!
- Гркот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на грчката литература, најубава литература имаме ние!!!
- Македонецот се мисли и почнува:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на крали марко, што имал cekc со елизабета под ајфеловата кула, на убав персијски килим со убава бугарска музика. Ако не ми верувате прочитајте во грчката литература !!!
Малиот Пeрица ја прашува својата учителка дали може да разговара со неа после часот. Таа прифаќа.
Учителката:
- Што сакаше да ми кажеш Перица?
Перица:
- Мислам дека сум премногу паметен за да останам во ова одделение, би сакал да прејдам директно во гимназија.
Поради тоа сакам да одиме и да го информираме и директорот.
Директорот зачуден вели дека ќе му постави неколку прашања на Перица за да види колку е достасан за да оди понатака. Перица прифаќа и директорот почнува со прашањата.
Директор:
- Ајде Перица, да видиме, 3 x 4?
Перица:
- 12!
Директор:
6 x 8?
Перица:
- 48, господине директоре.
Директор:
- Главен град на Јапонија?
Перица:
- Токио.
Тестот продолжува наредните 30 минути, Перица не прави ниту една грешка!
На крајот, директорот е задоволен, но учителката го прашува дали може таа да му постави неколку прашања. Двајцата се согласуваат и таа почнува.
Учителката:
- Добро, Перица. Кравата ги има 4, а јас 2, што е тоа?
Перица:
- Нозе, госпоѓо.
Учителката:
- Точно. Што може да се најде во твоите панталони, а во моите го нема?
Директорот се изненадува од прашањето!
Перица:
- Џепови, госпоѓо.
Учителката:
- Добро, Перица. Каде жените имаат највиткани влакна?
Директорот се спрема да интервенира кога Перица смирено одговора.
Перица:
- Во Африка, госпоѓо.
Учителката:
- Што е меко, но, на рацете на жената, станува тврдо?
Директорот ги ококорува очите, но Перица одговара.
Перица:
- Лак за нокти, госпоѓо.
Учителката:
- Што имаат машките и женските на сред нога?
Перица:
- Колена!
Учителката:
- Добро. А што има пошироко мажена жена од немажена?
Директорот неможе да им верува на своите уши!
Перица:
- Кревет, госпоѓо.
Учителката:
- Кој дел од моето тело е често највлажен?
Перица:
- Вашио јазик, госпоѓо.
Учителката:
- Кој е тој збор што почнува со буквата „п“, а означува нешто што може да биде влажно или суво и што машките сакаат да го гледаат?
Перица:
Пат!
Директорот, без воздух, целиот мокар од пот, одлучува да го прекине тестот и извикува:
- Нема да те пратам во гимназија, туку право на факултет! Дури и јас погрешно би одговорил на сите прашања од овој тестот.