ФБИ објавил оглас за ослободено работно место атентатор.
Откако биле спроведени проверки, интервјуа и тестирања, останале три финалисти:
Двајца мажи и жена.
За финалниот тест, агентите на ФБИ одвеле еден од мажите пред една голема метална врата и му дале пиштол.
За да бидеме сигурни дека ќе ги следиш нашите инструкции без оглед на околностите ќе го направиме овој конечен тест.
Внатре ќе ја најдеш жена ти како седи на стол...
Убиј ја!!
Мажот одговорил:
Не е можно да сте сериозни. Никогаш не би можел да ја застрелам мојата жена.
Агентот рекол:
Во тој случај ти не си вистинскиот човек за оваа работа. Земи си ја жената и оди си дома.
И на вториот маж му биле дадени истите инструкции.
Тој го зел пиштолот и влегол во собата. Се било тивко околу пет минути.
Мажот излегол со очи полни солзи:
Се обидов, но не можам да ја убијам мојата жена.
Агентот рекол:
Го немаш она што е потребно. Земи си ја жената и одете си дома.
Конечно, дошол редот на жената. И на неа и биле дадени истите инструкции, да си го убие мажот. Го зела пиштолот и влегла во собата. Се слушале истрели, еден по еден. Слушнале врескање, кршење, удирање по ѕидовите. По неколку минути, се стивнало. Вратата бавно се отворила и пред нив стоела жената, бришејќи си ја потта од челото.
Пиштолот е наполнет со ќорци - рекла таа.
Морав на смрт да го претепам со столот.
Наравоучение:
Жените се луди. Не си играјте мајтап со нив!
Ристе ја викнал мајка си на ручек. За време на ручекот таа забележала дека неговиот цимер, Перо, е многу згоден и мускулест. Таа веќе подолго време се сомневала дека тие двајца се нешто повеќе од цимери, па го запрашала Ристе дали е во право.
Ристе ја уверувал мајка си дека се само цимери и ништо повеќе од тоа.
Една недела подоцна Перо го прашува Ристе:
- Дали си ја видел некаде убавата лажица за супа? Ја нема од кога мајка ти ни беше на ручек. Ваљда не ја земала она?
Ристе не се сомневал воопшто, но сепак и пратил мејл на мајка си:
- Драга мамо, не велам дека ти си ја “зела“ или дека “не си ја земала“ лажицата за супа, но за чудо од кога беше кај нас на гости, нигде ја нема! Поздрав, Ристе.
Неколку дена подоцна стигнува одговорот од мајката:
- Драг синко, јас не велам дека ти “спиеш“ или дека “не спиеш“ со Перо, но за чудо, ако Перо спиеше во “својот кревет“ веќе одамна ќе ја најдеше лажицата за супа! Поздрав, Мама.
Зошто се чувствувам уморен и преработен?
Порано мислев дека премалку спијам или дека работата е премногу стресна за мене.
Но, сега ја знам вистинската причина:
Уморен сум затоа што премногу работам!
Во државава живеат околу 2 милиона луѓе.
700.000 од нив се пензионери или невработени.
Тоа значи дека остануваат 1,3 милиони за работа.
Се школуваат околу 200.000 луѓе значи за работа остануваат 1,1 милиони.
Од нив, половината се вработени во некакви државни институции, остануваат околу 550.000 работоспособни.
20.000 од нив служат војска. Остануваат 530.000 за работа.
Од тој број одземи ги оние 327.386 лица кои решиле да бадијалџат.
Остануваат 202.614 лица за работа.
Во секое време, има околу 164.000 болни луѓе, остануваат 38.614.
Е сега, во затворите има 38.612 лица.
Тоа значи дека остануваат само двајца луѓе за работа.
ТИ и ЈАС.
А ТИ цело време седиш на твојот компјутер и читаш глупости!

Доктор држи предавање пред голема публика во Оксфорд:
Материјалот што го ставаме во нашите стомаци требаше да не убие - барем повеќето од нас кои тука седиме - уште пред многу години.
Црвеното месо е полно со стероиди и боја. Безалкохолните пијалаци доведуваат до кородирање на слузокожата на вашиот желудник. Кинеска храна е полна со Monosodium glutamat.
Долгите диети можат да бидат катастрофални, а никој од нас не ги разбира долгорочните штети предизвикани од бактериите во водата за пиење.
Но, постои едно нешто што е најопасно од сè, и повеќето од нас го јаделе или ќе го јадат.
Може ли некој тука да ми каже која е таа храна, која кај повеќето од нас предизвикува болка и страдање со години по јадењето?
По неколку секунди тишина, 70-годишен човек во предниот ред крева рака и прашува благо: Свадбена торта?