Една богата вдовица сватила дека и е потребен уште еден маж во животот, па објавила оглас во весник:„ Богата вдовица бара маж со кој ќе го сподели остатокот од животот и своето богатство.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови: 1. НИКОГАШ да не ме тепа.
2. Да не избега од мене,да не ме изневери.
3. Да биде одличен во кревет. Неколку месеци телефонот и ѕвончето не престанувале да ѕвонат, но никако не се појавувал некој кој ги задоволувал сите 3 критериуми. Пред речиси целосно да се откаже од потрагата се појавил нов кандидат на вратата. Отвора и здогледува маж без раце и нозе како лежи на чергичето.
– Кој си ти? Што правиш тука?
– Здраво, јас сум мажот на твоите соништа. Немам раце па не можам да те тепам, и немам нозе па не можам да избегам од тебе.
На тоа, вдовицата му одговорила:
– А зошто мислиш дека си добар во кревет?
– Па, што мислиш, како заѕвонев?!
По секој лет на пилотите на авиопревозникот “Квантас” им оставаат белешки на механичарите со опис на проблемите, а пред следниот лет механичарите оставаат одговор што направиле.
“Квантас” е единствената авиокомпанија на која никогаш не и се урнал авион. Барање: Левата гума речиси треба да се смени.
Извештај: Левата гума е речиси сменета. Барање: Нешто се откачило во кабината.
Извештај: Нешто закачивме во кабината. Барање: Автопилотот самиот ја губи висината за по 200 стапки во минута.
Извештај: Не успеавме да го повториме истиот проблем наземи. Барање: Траги на капење на гориво на левиот дел од трупот на авионот.
Извештај: Трагите забришани. Барање: Звукот од ДМЕ-инструментот е гласен просто да не поверуваш.
Извештај: Звукот од ДМЕ-инструментот е подесен на ниво на кое ќе можеш да поверуваш. Барање: ИФФ-инструментот е неоперативен.
Извештај: ИФФ-инструментот секогаш е неоперативен кога е исклучен. Барање: Се сомневаме дека има пукнатина во стаклото на ретровизорот.
Извештај: Се сомневаме дека сте во право. Барање: Го нема моторот број 3.
Извештај: Со визуелен преглед на леталото пронајден е мотор на левото крило. Барање: Авионот смешно реагира на зададените команди.
Извештај: Авионот предупреден да биде сериозен. Барање: Чуден звук се слуша зад таблата со инструментите, како некое џуџе да удира со чекан.
Извештај: На џуџето да му се одземе чеканот.