Маж и жена решиле да си купат Рено.
Сепак им недостасувале 500 евра. Мислеле, мислеле и се сетиле дека мажот има доста богата колешка. И одлучиле мажот да побара од неа 500 евра. Отишол тој, се вратил и и рекол на жена си:
– Жено, ќе ни даде, ама прво сака да преспијам со неа…
Жената не размислувала многу. Автомобилот убав, мажот грд… Го пуштила.
се враќа нашиот наредното утро, носи 500 евра, а жената го натерала да и раскаже се. И тој почнал:
– Вечера, малку пиење и легнавме во постела. Таман да почнеме, таа извади од некаде една пчела, ја стави во моите гаќи, таа ме испокаса и почнавме. Дуро до пред малку.
Жената, станала многу љубопитна, па и таа фатила една пчела и вечерта кога легнале, таа ја извадила пчелата му ја ставила во гаќите и почнале…
Утредента таа се разбудила со блажена насмевка, а мажот станува и вели:
– Одам да го купам Реното.
Жената:
– Какво Рено бе!?! Оди на пазар и купи неколку сандаци за пчели!!!
Гледате убава девојка на забава. Одите кај неа и велите:
– Во кревет сум шампион.
Тоа е директен маркетинг.
Вие сте на забава со пријателите. Еден од нив оди кај девојката и вели:
– Во кревет тој е шампион.
Тоа е рекламирање.
На забава вие одите кај убава девојка и земате од неа телефон. Наредниот ден и се јавувате и велите:
– Во кревет јас сум шампион.
Тоа е телефонски маркетинг.
Вие сте на забава. Си ја поправате вратоврската, одите кај неа, и давате чаша со некаков пијалок, а потоа велите:
– Патем, јас сум шампион во кревет.
Тоа е PR.
Гледате убава девојка на забава. Таа се приближува до вас и вели:
– Слушнав дека во кревет си шампион.
Тоа е веќе бренд.