Оди косовски Србин кај комшијата Албанец и му вели:
- Слушај комшија, да не сакаш да ти ја продадам куќата?
- Зошто бе комшија продаваш куќата, па четири генерации сме комшии, немој да си одиш од овде.
- А бе јас сум решен да си одам, сакам да си купам стан во Белград. Туку тебе прв ти велам, како на комшија, ако сакаш донеси две кила злато и твоја е.
Во ред, рекол Албанецот, и по неколку дена оди кај Србинот со четири кила злато. А, Србинот му вели:
- Нели се договоривме за две кила, зошто ми носиш четири.
- А бе комшија се знаеме еден век, пријатели сме… Eве ти четири кила злато, па купи си ко човек стан во Љубљана да не те селам двапати.
Ја забележал отец Миле калуѓерката Маре како шета низ манастир малку подздебелена, па и префрлил:
- Сестро Маре, сме се подзебелиле малку, а?
- Не отец Миле, гасови имам.
Поминало некое време, отецот пак ја видел сестра Маре, уште повеќе здебелена.
- Сестро Маре, пак сме се здебелиле малку?
- Не отец Миле, гасови имам само.
Поминале месец-два и отец Миле ја здогледува сестра Маре како турка количка со бебе. Се доближил тој до количката, се наведнал над неа и се насмеал:
- Види што е убав, сладок прдежов.