Папата бил многу болен и никој не можел да го излекува.
Кардиналите повикале еден многу стар и искусен доктор, кој им бил препорачан како единствена и последна шанса. По долг преглед докторот им соопштил на кардиналите:
– Имам добра и лоша вест. Лошата вест – Папата има ретка болест на тестисите. Добрата – може да се излечи само со cekc.
Кардиналите, збунети од третманот, му објасниле на Папата. Тој им рекол:
– Ќе се согласам со тоа, но само под четири услови!
Кардиналите шокирани:
– Кои се условите?
– Прво, девојката треба да е слепа, за да не може да се види со кого има cekc. Второ, мора да е глува за да не може да се слушне со кого има cekc. Трето, треба да е глупа, и во случај да разбере со кој имала cekc, но да не може да раскаже!
По кратка пауза, кардиналите прашале:
– А што е четвртото?
– Големи цицки!

Синот отишол на викендичката кај татко си на гости. Поживеал неколку дена и едно утро му рекол на татко си:
– Тато, зошто не го растуриш овој полскиот клозет во дворот. Направи нормален клозет во куќата. Се срамиме пред соседите.
– Ај не ми соли памет – рекол таткото. – Мојот клозет не му пречи никому. Си стои во крајот на дворот, до оградата, во близина на реката. А од дрвјата ништо не се гледа.
– Тато, тоа смрди. Никој веќе не користи такви клозети во дворот.
– Ај доста – се изнервирал таткото. – Не се прави многу паметен. Клозетот останува таму каде што е!
„Добро“ – си помислил синот. „Јас вечерва ќе го решам прашањето радикално“.
Ноќта синот станал тивко од креветот. На прсти влегол во гаражата, го запалил автомобилот и полека, полека со автомобилот го турнал клозетот во реката.
Утрото, таткото влегол гневен во кујната:
– Дали ти го турна клозетот во реката?! – прашал таткото.
– Не знам за такво нешто – почнал да се правда синот.
– Не ме лажи. Ако си признаеш, тоа е половина грев и ќе ти простам. Минатата година синот на соседот им ги скрши скалите, си призна и татко му не го казни.
– Е добро тогаш. Јас бев – признал синот.
Шлап, шлап!!! На брзина му врзал два шамари таткото.
– Ама тато, зошто? Нели рече дека ако си признаам, ќе ми простиш. Соседот како му простил на својот син за искршените скали?
– Да ама кога синот на соседот ги скрши скалите, неговиот татко не е клечеше на нив.
Во бар во Аризона, во времето на каубојците. Влегува платен убиец, ја остава својата пушка на масата и нарачува едно виски. Еден фармер стои до него, дрмнува едно виски на екс и му вели:
– Извинете, но може ли да ја насочите вашата пушка кон прозорецот на мојата куќа?
– Не ме замарај. – Одговара убиецот.
– Колку ќе ми земете за да ми завршите една работа? – Упорно прашува фармерот. – Жена ми во моментот спие со соседот!
– Илјада долари од истрел.
– Ќе платам за два истрела! Но, ќе треба соседот да го погодиш во пенисот, а неа во главата.
– Добро. – Вели убиецот и започнува да нишани.
Поминуваат неколку минути, но истрел уште нема.
– Па, што чекаш? – Прашува фармерот нервозно.
– Почекај малку! Се обидувам да ти заштедам половина пари.