Се јавува Трпе и вели: татко ми е виолинист, мајка ми е пијанист, сестра ми пее во хор, јас чуkam на дајре, очигледно ние сме музичко семејство!
Се јавува Стевче и вели: татко ми е фудбалер, мајка ми ракометарка, јас кошаркар, очигледно ние сме спортско семејство!
Станува мали Ѓокица и вели: баба ми секое утро ја гледам како оди низ двор, а под мишки има The Times, Daily Mirror, Le Figaro, Deutsche Zeitung, а бидејќи не знае да чита ОЧИГЛЕДНО снемала тоалет хартија и оди да сере!
Учителката го прашува Мали Џокица како си поминал за летниот распуст.
Џокица одговара:
- Прво, јас не сум Џокица, јас сум Џорџ.
- Како второ, за распустот бев во Америка и супер си поминав. Цело време се качував на веранда, па се симнував од веранда, па јадев, па пак се качував на веранда, па се симнував, па спиев, па пак се качував на веранда и така цело време.
- Добро, седи. Ајде ти Верице кажи ни како си помина.
Верица одговара:
- Прво, јас не сум Верица, јас сум Веранда.