На двајца браќа, едниот во Македонија, другиот во странство, им умерл близок роднина:
– Пешо, доаѓај, треба да го спремаме погребот.
– Нема да можам. Направи ти се што треба и испрати ми ја сметката.
Поминал погребот и уште првата недела братот во странство добил сметка од 100 евра. Ја платил, но другата недела пак добил сметка од 100 евра, третата недела, кога повторно добил сметка од 100 евра, му се јавил на својот брат:
– Зошто трет пат добивам сметка од 100 евра? Не ли помина погребот?
– Се помина добро, но костумот за покојниот не го купив туку го изнајмив…
Циркус, спикерот најавува:
– Сега пред вас ќе излезат акробати…
Глас од последните редови:
– Пе*ери, пе*ери… облечени сте во хеланки како жени… Пе*ери, пе*ери….
Акробати се навредуваат и ја напуштаат арената.
Спикерот најавува:
– Така, наместо акробати, сега ќе излезат кловновите…
Повторно истиот глас од последните редови:
– Пе*ери, пе*ери… црвени усни како жени… Пе*ери, пе*ери…
Кловновите исто така се навредуваат и ја напуштаат арената.
Спикерот најавува:
– Сега ќе видите смртоносна точка – скок од врвот на циркузот, без сигурносни јажиња и мрежи!
Гласот од позади:
– Пе*ери, пе*ери… Каде ме носите! Пе*ери, пе*ери…