Доктор на науки предава пред голема публика на Оксфорд...
– Храната која ние ја ставаме во нашите стомаци не убива постепено од години. Црвеното месо е полно со холестерол и вештачки бои. Безалкохолните пијалоци ја напаѓаат слузницата на желудникот. Кинеската храна е наполнета со мононатриум глутаминат – вкусот кој убива. Транс мастите и холестеролот се катастрофални и никој од нас не ги сфаќа долгорочните штети предизвикани од бактериите во нашата вода за пиење. Но, постои едно нешто што е најопасно од сите и повеќето од нас веќе го пробале или ќе го јадат. Може ли некој тука да ми каже која е храната која ни предизвикува најмногу мака и страдање со години, откако ќе ја изедеме?
По неколку секунди со тивок, придушен глас од предниот ред се јавува 70-годишен маж и тивко вели:
– Свадбената торта?!
Евреин го учи синот како се прави бизнис. Му вели:
– Еве, замисли дека Петре Стојанов ни должи пари, но доцни со враќањето. Напиши му писмо. Синот пишува:
„Почитуван г-дин Стојанов. Според нашите документи, Вие ни должите одредена сума пари, која требаше да ни ја вратите минатата недела. Се надеваме дека само поради невнимание сте заборавиле да ни ја исплатите“.
– Не така! – Вели таткото. – Треба пократко! Бизнис писмо се пишува кратко и јасно! И мора да биде поостро!
Синот пак пишува:
„Г-дин Стојанов, се надевам дека не сте заборавиле дека ни должите одредена сума на пари“.
– Пократко! – Коментира пак таткото.
Синот пак седнува и пишува:
„Г-дин Петре, вратете ни ги парите.“
Таткото веќе видно налутен му вели:
– Абе колку пати да ти повторувам дека бизнис писмо се пишува кратко и мора да биде остро. Еве вака:
„Петре, кога?“