Цветко видел оглас: „Третман за слабеење.
- 12 килограми за само 2 дена“. И решил да се пријави.
Се пријавил, пошол, и го внесле во некоја поголема соба, средена со секаков мебел, и по кратко време во собата влегла некоја гола згодна надарена женска, и му рекла:
- Ако ме фатиш, твоја сум.
Цветко почнал да ја брка женската, ама таа му бегала низ собата, му се качувала по маси, по столици, по кревети... и никако не успеал да ја фати.
Излегол од собата, се качил на вага да се мери, и видел дека е послаб за 2 кила, па си рекол:
- Море утре ќе ја фатам оваа женската па шо сака нека биди, и ќе ослабам уште 10 кила.
Другиот ден Цветко пак отишол на третманот, го однеле во истата соба, арно ама сега со искуството од претходниот ден, го собрал целиот мебел во еден ќош за да не може женската да му бега по маси, по столици, по кревети.
По кратко време во собата влегол некој црнец, мажиште од над 2 метра, со „пашламарка“ 30 цм и му вели на Цветко:
- Ако те фатам, мој си.

Цветко заедно со своето друштво отишол на лов. Резервирале двокреветни соби, но никој не сакал да дели соба со Трпе, бидејќи многу хрчел. Заедно одлучиле дека не е фер само еден да мора да го трпи, туку секоја вечер да се менуваат.
По првата ноќ со Трпе, еден од нив се разбудил сиот бушав и со големи темни подочњаци.
Другите, пак, нервозно го прашале:
- Човек, што ти се случило?
- Трпе толку многу хрчеше, што јас цела ноќ не заспав, седев во кревет и гледав.
Следната ноќ, дошол друг на ред. Кога станал во утринските часови изгледал ужасно блед, подуен и одвај стоел на нозе.
Другите го прашале: Како помина, бидејќи изгледаш ужасно?
- Тоа беше неподносливо. Трпе рчи како пила. Цела ноќ јас само гледав.
Слично поминале и останатите. На ред дошол Цветко.
Во утринските часови се појавил свеж, одморен и со одлично расположение.
Цветко:
- Добро утро, другари!
Тие не можеле да си поверуваат на очите:
- Како е тоа возможно?
Цветко:
- Па кога се спремавме да си легнеме во кревет, се доближив до Трпе, го прегрнав, го допрев неговиот зaдниk со блага насмевка и бакнеж за добра ноќ. Останатиот дел од вечерта Трпе остана буден, седеше и ме гледаше.