Еден брачен пар оди на вечера кај пријатели. По некое време жените одат во кујната (нормално…), а мажите зборуваат. Едниот вели:
– Абе другар, синоќа бевме во еден одличен ресторан. Страшна кујна, страшна атмосфера, треба да одиш.
Другиот:
– Како се вика?
– Оооф, не се сеќавам. Потсети ме, кажи ми некој збор што почнува на буквата М.
– „Мерак“?
– Не бе… цвет на М.
– Опиши го малку, многу ги има.
– Абе она убавото, со белите ливчиња, што потоа станува глуварче?
– Маргаритка?
– Да бее… МАРГАРИТООО, КАКО СЕ ВИКАШЕ РЕСТОРАНОТ ШТО БЕВМЕ ВЧЕРА?
Францускиот крал се разболел од венерична болест. Доаѓале разни доктори, но никој на можел да помогне. На крај наредил кај него да го доведат Нострадамус.
Го прегледал тој – насекаде чирови!
– Од што сум болен?
– Не знам, но чувствувам дека по двеста години, учените луѓе ќе го наречат сифилис.
– Има ли лек?
– Не сум сигурен, но ми се чини дека ако најдете стогодишна девица и имате со неа cekc по 6 часа, 10 дена по ред, болеста ќе си отиде.
Со многу напор, кралот нашол стогодишна девица и ја започнал терапијата. По десет дена – чудо, навистина бил излечен. Повторно го повикал Нострадамус:
– Браво! Ми помогна. Но, како се вика овој лек?
– Не знам, но чувствувам дека по четиристотини години, научниците ќе го наречат пеницилин!
Американските тајни служби одлучиле да испратат шпион во воената академија во Македонија.
По 3 дена шпионот бил фатен и екстрадиран назад во Америка. Шпионот го дал следново објаснување:
– На предавања, сите спијат – само јас пишувам и внимавам и затоа ме фатија.
Го испратиле вториот шпион, повеќе квалификуван. По 3 недели и него го фатиле. Тој објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам. Но, потоа откако се наспијат сите бегаат од часовите – само јас не бегам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи, го испратиле третиот шпион. По еден месец, сепак и него го фатиле.
– На предавањата – спијам, после сите бегаат – и јас трчам, но кога се приберавме по своите соби, сите играт карти и табла – само јас си учам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи Американците одлучиле да го испратат најдобриот шпион… Него го фатиле за 3 месеци… Шпионот објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам, после сите бегаат – и јас бегам, кога ќе се прибереме во своите соби, сите играат карти и табла – и јас играм. Но како дојде сесија, СИТЕ ГИ ПОЛОЖИЈА ИСПИТИТЕ – САМО ЈАС НЕ МОЖЕВ…