Оди Трпе кај селскиот поп да се исповеда.
- Оче згрешив, најсрамниот грев го направив!
- Кажи чедо, Бог е милостив ќе ти прости...
- Не можам оче срам ми е!
- Да не е со Митра на воденичарот?
- Не оче, голем грев, ми изгоре душата...
- Да не е со Јана на грнчарот жена му?
- Не оче... Ќе се варам цела вечност во Казан!
- Да не е со снаата на даскалот Трајан?
- Не оче, прости ми не можам, не можам да кажам...
И си тргнал. На излегување од црквата се сретнал со свој сосед и соседот го прашува:
- За каква работа си тука бе Трпе, што сакаш?
- Ништо комшија, за адреси дојдов.

Разговараат Мујо и Хасо:
- Знаеш ли ти Мујо кој бил Александар Велики?
- Не знам.
- Тоа ти бил еден голем војсководител кој го освоил пола свет во негово време.
- Откај сега ти стана толку паметен бе Хасо?
- Види Мујо, тоа го научив на вечерно училиште, сега одам таму секоја среда од 8 до 11 саат.
После една недела еве ти го пак Хасо:
- Мујо, знаеш ли ти кој бил Наполеон?
- Неам поим.
- Сега ќе ти кажам, тоа бил голем војсководител кој ја освоил пола Европа, а бил поразен во битката кај Ватерло.
- Добро Хасо, а ја тебе нешто да те прашам:
- Знаеш ли ти кој е Суљо Хаџиасаносмановиќ?
- Првпат слушам.
- Епа Хасо, тоа ти е еден тип кој секоја среда ти ја cekca Фата додека ти си на вечерно училиште.